Warning: mysql_real_escape_string(): No such file or directory in /home/avionskikarti/avionskikarti.mk/wp-content/plugins/smashing-analytics/wpsa.php on line 1890

Warning: mysql_real_escape_string(): A link to the server could not be established in /home/avionskikarti/avionskikarti.mk/wp-content/plugins/smashing-analytics/wpsa.php on line 1890

Хотели, Хостели и Преноќишта | Avionski Karti

Хотели, Хостели и Преноќишта

Posted Posted by admin in Uncategorized, хотели     Comments No comments
Feb
23

Дали патувате во друг град надвор од нашата земја?

Доколку немате пријатели каде би преноќиле или доколку вашите деловни партнери не ви обезбедиле престој, тогаш една од вашите обврски е да резервирате хотел. Ако патувате во некој поголем град, туристичка дестинација или бизнис дестинација, веројатноста дека ќе се соочите со голем избор е голема. Често деловните партнери или познаниците од таа дестинација љубезно ќе ни понудат да резервираат наместо нас но бидете внимателни и претпазливи. Тие можеби не го знаат вашиот вкус, колку сте спремни да потрошите и слично. Може да се случи да не сме задоволни од нивниот избор и тоа да ги наруши нашите односи или да бидете доведени до состојба да го замените хотелот.

Select a Destination
or Enter a City Name
Arrival Date

Number of Nights

Наш совет: Направете ги вашите избори сами. И да се случи да згрешите верувајте дека помалку ќе ви биде криво.

Нашата веб страна авионски карти ви овозможува користење на современ високо софистициран систем за резервирање на хотелско сместување кој ќе ви понуди голем број на опции. Од најлуксузни хотели со пет или четири ѕвездички, поефтини опции со хотели кој најчесто имаат три ѕвездички, но и помали хотели, хостели и преноќишта со две па и една ѕвезда.

Како да го одберете хотелот кој најмногу ви одговара?

Доколку патувате со деловна причина, а поголем дел од времето ќе го поминувате во деловниот простор или локацијата на вашите деловни партнери, тогаш слободно можете да одберете поскромен хотел во кој можеби не се нудат деловни услуги како што е пристап до интернет, канцеларија, факс и слично. Доколку сте одлучиле да не изнајмувате автомобил, воопшто не ви е важно дали хотелот има свој сопствен паркинг и дали е бесплатен или колку се плаќа. Исто така не ве интересира изборот на храна и дали хотелот има добра куња бидеќи најверојатно вашето време за ручек и вечера би го поминале со вашите деловни партнери. Но доколку ова не е вистина, тогаш секако не би сакале времето да го поминувате затворени во хотелот чекаќи го времето за ручек и вечера. Поголем број од нашите клиенти инсистираат на слободно време за ручек и вечера со цел подобро да го запознаат градот во кој престојуваат.

За студентите и помладите се разбира интересни се и ниско буџетните опции на хостели и преноќишта. Доколку спаѓате во оваа категорија во хостелите би се чувствувале многу послободно поради многу порелаксираните правила за престој. Исто така ќе имате можност да се запознаете и да се дружите со други млади кои одлучиле да го посетат градот во кој престојувате.

Преноќиштата се најчесто фамиљарни бизниси кои се управувани и во кои работат членови на една фамилија. Не се изненадувајте доколку во едно вакво преноќиште добиете внимание, услуги и храна достојни на хотел од четири или пет ѕвезди за далеку пониска цена. Ги има и во самите центри на градовите, но и во периферијата. Некои од нив се само со неколку соби додека други имаат десетици соби и не се разликуваат многу од некој помал хотел. Често сопственикот може да ви понуди превоз до центарот на градот или да ви даде совет каде се јаде добро, а ефтино.

Post comment