Warning: mysql_real_escape_string(): No such file or directory in /home/avionskikarti/avionskikarti.mk/wp-content/plugins/smashing-analytics/wpsa.php on line 1890

Warning: mysql_real_escape_string(): A link to the server could not be established in /home/avionskikarti/avionskikarti.mk/wp-content/plugins/smashing-analytics/wpsa.php on line 1890

Авионски карти кои најмногу ни одговараат | Avionski Karti

Авионски карти кои најмногу ни одговараат

Posted Posted by admin in Uncategorized, авионски карти     Comments No comments
Feb
23

Авионски карти од Скопје до сите светски дестинации.

Доколку имате искуство во онлајн пребарување, резервирање и купување на авионски карти, ве молиме продолжете на следниов линк —-> резервирај или купи авионска карта.

Доколку сакате да купите авио билет, ќе ви биде потребна картичка за безготовинско плаќање. Доколку сакате само да ги резервирате вашите авионски билети, картичка не ви е потребна, а нашиот агент ќе ве контактира за да го утврдите начинот на плаќање.

Во спротивно прочитајте го нашето мало упатство.

Ви благодариме за трпението.

Во соработка со една од најбрзо растечките домашни туристички агенции и меѓународен тур-оператор, нашата веб страница за купување на авионски карти ви овозможува да пребарате кои летови ви одговараат, кои летови се најевтини во овој момент и со кои летови најбрзо, и најбезбедно ќе пристигните на посакуваната дестинација.

Купувањето на вашите авионски карти можете да го направите во три лесни чекори кои ќе ви одземат не повеќе од 1-2 минути, а ќе ве информираат за сите опции кои ги имате при одбирањето, резервирањето и/или купувањето на вашите авионски билети.

Првиот чекор е да ја потполните кратката форма, која се состои од информации за Типот на летот (во еден правец, повратен билет или повеќе локации), почетен аеродром (можете да го изберете Скопје, Охрид, но и било кој друг град или аеродром во светот – внимавајте формата да ја потполнувате со латинично писмо), Датум(кога сакате да патувате), Време (ова е најдобро да го оставите на полето „Без Преференца“ за да добиете поголем избор на летови), посакуваната дестинација (нудиме авионски карти до сите светски дестинации без исклучок) и повтрно датум и време. Во последните три полиња внесувате колку возрасни патници ќе патуваат, колку деца и колку бебиња. Последното поле ви дава опција да го штиклирате или не. Доколку го штиклирате системот ќе ви даде опција да ги погледнете сите летови кои се расположливи три дена пред датумот и три дена после датумот кој претходно сте го одбрале.

Првиот чекор можете да го направите тука —-> резервирај / купи авионска карта.

Откако ќе пребарате, системот ќе ви ги покаже сите расположливи опции. Откако ќе ја изберете најевтината авионска карта или онаа која најмногу ви одговара, продолжете со тоа што ке ќа изберете опцијата „Резервирај ја Кошничката“.

Доколку ви е потребен Хотел и/или Рент-а-Кар, можете да ги пребарате и воедно да си резервирате и хотел и автомобил.

Во третиот дел, треба да ги потполните вашите основни податоци, исто така со латинични букви. Откако ќе ги потполните и овие информации одите понатаму и системот ќе ве праша за Тип на Испорака. Доколку сакате да платите со картичка за безготовинско плаќање, одберете ја првата опција, а доколку сакате САМО ДА РЕЗЕРВИРАТЕ, без да го купите билетот и за начинот на плаќање да се договорите со нашиот агент, одберете ја втората опција.

Се надеваме дека овие информации ви беа од корист.

Тимот на авионскикарти.мк ви посакува пријатно патување.

——————————

Купувањето на авионски карти е пријатна обврска која и претходи на нашето патување на саканата дестинација. Но со различните можности кои ги имаме често ни треба малку повеќе време и трпение за да го одбериме најповолниот лет, односно да ја купиме онаа авионска карта која најмногу ни одговара по однос на цена, време на поаѓање, време на враќање – доколку сме се одлучиле за повратна авионска карта, потоа дали сакаме директен лет или можеме да си дозволиме префрлување и многу други можности.

Телефонското јавување во повеќе туристички агенции може да биде тешко, исцрпувачко и фрустрирачко искуство. Затоа би сакале да ве информираме за можностите кои ги имате при користењето на еден од најдобрите системи за пребарување, букирање, и купување на авио билети.

Како можеме на веб страната за купување на авионски карти да ви помогнеме?

Одговорот е многу лесен. Системот што го имаме вградено во нашата веб страна е најсофистицираниот и нај колаборативниот систем за пронаоѓање, резервирање и купување на авионски карти.

Кога во него ќе ги внесите најосновните податоци за вашиот лет како што се местото на поаѓање, вашата дестинција, датум и време на поаѓање и на враќање, системот се поврзува со голем број на дилери на авионски карти и авио компании кај кои проверува дали имаат летови од местото на поаѓање, кога и се разбира за која цена.

Корисен совет 1:

Понекогаш се случува цената за посакуваниот датум да не ни одговара, но доколку го смениме датумот за еден ден порано или подоцна, можеме да се изненадиме од опциите кои ни се на располагање. Понекогаш разликата во цена е толку голема што со неа можеме да си го покриеме хотелското сместување за една вечер и на саканата дестинација слободно да останеме уште еден ден.

Корисен совет 2:

Втор начин на кој можеме да пребаруваме за по поволни авионски карти односно летови е да ги провериме различните појдовни дестинации. Се разбира можеби најмногу ни одговара да полетаме од Скопје, но што ако полетувањето од Солун, Приштина или Софија можат да ни заштедат неколку стотици евра? Доколку имаме можности да полетаме од горенаведените аеродроми и таа опција е добра за да заштедиме значителни финансиски средства кои потоа слободно можеме да ги искористиме за да си овозможиме по пријатен престој на саканата дестинација.

Затоа слободно испитувајте и експериментирајте. Нашиот систем е направен за да ви ја даде најголемата флексибилност и најголемата слобода за да го направите вистинскиот избор при вашето следно патување со авион.

Ви посакуваме мирно небо.

Post comment